Самба
Со корени од Баија, поточно од африканските ритмови, пристигнува во Рио де Жанеиро околу 1920-тата година и сеуште е еден од најпопуларните стилови на Бразил, заедно со Samba-pagode и Samba reggae (бендот Олодум од Салвадор да Баија го прославува стилот самба-реге). Од романтични самба песни (samba-cancoes), кои се пеат во баровите до експлозивни паради со тапани кои се случуваат за време на карневалот, самбата секогаш буди пријатно и весело расположение. Самбата се развива како посебен вид на музика, на почетокот од 20-тиот век, во Рио де Жанеиро (тогашен главен град на Бразил). Во 1930-тите, група на музичари, предводени од Исмаел Силва (Ismael Silva), во соседството на Естасисио де Са (Estacio de Sa), го основаат првото самба училиште, Deixa Falar (Остави да зборува). Тие го трансформираат музичкиот жанр за да го приспособат на карневалската парада. Во оваа декада, радиото ја зголемува популарноста на жанрот низ целата земја и со поддршка на националистичката диктатура на Гетуљо Варгас (Getulio Vargas), самбата станува "официјална музика" на Бразил.
Во наредните години, самбата се развива во повеќе правци, од нежната самба-канкао (samba-cancao) до тапанарски оркестри кои го прават саундтракот на карневалската парада. Еден од овие нови стилови е боса нова (bossa nova), создадена од белци кои ѝ припаѓаат на средната класа. Популарноста на стилот постепено се зголемува, со работата на Жоао Илберто (Joao Gilberto) и Антонио Карлос Жобим (Antonio Carlos Jobim). Во шеесетите години, Бразил е политички поделен и левичарските музичари на боса нова (bossa nova) започнуваат да го намамуваат вниманието на музиката направена во favelas (сиромашни квартови). Во овој период се откриваат многу познати уметници. Имиња како Картола (Carlota), Нелсон Кавакино (Nelson Cavaquinho), Вела Гарда да Портела (Velha Guarda da Portela), Зе Кети (Ze Keti) и Клементина де Хесус (Clementina de Jesus) ги снимаат своите први албуми. Во седумдесетите години, самбата се враќа на радијата. Композитори и пејачи како Мартино да Виља (Martinho da Vila), Клара Нунес (Clara Nunes) и Бет Карвало (Beth Carvalho) доминираат на хит парадата.
На почетокот од осумдесетите години, откако самбата се дислоцира во подземјето, што се должи на стилови како диско стилот и бразилскиот рок, таа повторно се појавува во медиумите со музичко движење создадено во предградијата на Рио де Жанеиро. Се работи за пагода (pagode), обновена самба, со нови инструменти, на пример бањо (banjo) и тантан (tantan), како и нов јазик кој е повеќе популарен и во кој доминира сленгот. Најпознати имиња се Зека Пагодино (Zeca Pagodinho), Алмир Гинето ( Almir Guineto), Групо Фундо де Кинтал (Grupo Fundo de Quintal), Хорхе Арагао (Jorge Aragao) и Ховелина Перола Негра (Jovelina Perola Negra). Разни самба училишта се основаат низ Бразил. Самба училиштето ги комбинира танцувањето и забавувањето во ноќен клуб со збирното место на општествен клуб и ставот на заедницата во врска со волонтерските групи. За време на спектакуларниот карневал во Рио, познати самба училишта парадираат во Самбодромо (Sambodromo). Настан кој не смее да се пропушти.
Ахе
Ахе (аxе) не се однесува конкретно на некој стил или музичко движење туку повеќе се однесува на употребливо брендовско име кое ги обединува уметниците од Салвадор (Salvador), кои прават музика во бразилски, карибски и африкански ритмови со поп-рок пресврт, што придонесува за нивниот успех на бразилските хит паради, почнувајќи од 1992 година. Ахе (аxе) претставува ритуален поздрав кој се употребува во склоп на религиите Кандомбле (Candomble) и Умбанда (Umbada) и има значење на "позитивна вибрација". Зборот музика се припојува на Ахе, кој се користи како сленг во рамките на локалниот музички бизнис, од страна на еден новинар со намера да создаде омаловажувачки термин за претенциозниот стил на тацување.
Ахе (аxе) не се однесува конкретно на некој стил или музичко движење туку повеќе се однесува на употребливо брендовско име кое ги обединува уметниците од Салвадор (Salvador), кои прават музика во бразилски, карибски и африкански ритмови со поп-рок пресврт, што придонесува за нивниот успех на бразилските хит паради, почнувајќи од 1992 година. Ахе (аxе) претставува ритуален поздрав кој се употребува во склоп на религиите Кандомбле (Candomble) и Умбанда (Umbada) и има значење на "позитивна вибрација". Зборот музика се припојува на Ахе, кој се користи како сленг во рамките на локалниот музички бизнис, од страна на еден новинар со намера да создаде омаловажувачки термин за претенциозниот стил на тацување.
Даниела Меркјури (Daniela Mercury) започнува да се прославува како пејачка во Рио и Сао Паоло, сè што води потекло од Салвадор се етикетира со Ахе музика. Наскоро, уметниците забораваат на потценувачкото потекло на овој термин и започнуваат да ги користат неговите предности. Саундтракот на карневалот во Салвадор, форсиран од страна на медиумите, брзо се распространува низ целата земја (преку карневалските забави во мртвата сезона), зајакнувајќи ги нејзините индустриски потенцијали и исфрлувајќи хитови низ целата година во 90-тите.
Тестирани според интензитетот на карневалската динамика, Ахе песните остваруваат комерцијален успех во Бразил во текот на минатата декада. Особено поволна за уметниците од Баија е 1998 година : вклучувајќи ги Даниела Меркјури (Daniela Mercury), Ивет Сангало (Ivete Sangalo), Чиклет ком Банана (Chiclete com Banana), Аракету (Araketu), Чеиро де Амор (Cheiro de Amor) и Е о Чан (E o Tchan) кои продале над 3,4 милиони плочи.


